Гаранција на пневматици

Гарантни услови

Производителот на пневматиците дава гарантен рок од 12 месеци на купени нови пневматици. Пневматиците се сметаат за нови ако и само ако не се постари од 3 години од датумот на произвдство до датумот на продажба. Гаранцијата почнува да тече од датумот на продажба на пневматиците и трае 12 месеци. Користењето на гаранцијата се уважува доколку го поседувате бројот на нарачката како и фактурата која ја добивате на вашиот е-маил.

Производителот и тимот на gumigumi.mk гарантира дека со купувањето ќе добиете нови и неупотребувани пневматици, а гаранцијата на гупените пневматици се однесува дефекти и аномалии кои настанале како последица на грешка во производствениот процес на пневматиците.

Гаранцијата нема да важи доколку е констатирана неправилна употреба, недоволен притисок или пренапумпана гума, како и деформации и оштетувања од механичка природа.

Доколку сакате да ја активирате гаранцијата на Вашите пневматици, ве молиме јавете се на 078 500 485 или испратете е-маил на следната адреса: info@gumigumi.mk

Гаранцијата не ги загрозува законските права на потрошувачите кои произлегуваат од законите и подзаконските акти кои се на сила во Р. Македонија.