Испорака / монтажа

Испорака / монтажа

Со секое купување на пневматици, дообивате бесплатна достава за подрачјето на Р. Македонија или бесплатна монтажа и балансирање во овластениот центар во Скопје.

  • Бесплатна достава – испорака

При комплетирање на нарачката, во полето “Забелешка” се внесува дали сакате пневматиците да ги добиете на Ваша адреса или сакате да добиете бесплатна монтажа и балансирање.

Доставата – испораката е целосно бесплатна. Доколку нарачката е направена во работен ден до 15:00 часот, истата ја добивате наредниот работен ден. Доколку нарачката е направена во работен ден после 15:00 часот, пратката ја испраќаме првиот нареден работен ден. Најчесто доставата се завршува за 24 часа. Тимот на gumigumi.mk ќе се погрижи за навремено испраќање, а тимот на Карго Експрес ќе се потруди да ги добиете за најбрзо време –  за што се веќе докажани во своето работење.

Во недела и празници, Карго Експрес не доставува.

При подигање на нарачката, Вие извршувате плаќање за купените призводи, во готово на доставувачот.

  • Бесплатна монтажа и балансирање – Скопје

При комплетирање на нарачката, во полето “Забелешка” се внесува дека сакате да добиете бесплатна монтажа и балансирање за купените пневматици, како и датумот и времето кое Ви одговара за извршување на монтажа. После направената нарачка

Монтажата и баланисрањето е целосно бесплатно и се прави од страна на искусни и вредни мајстори, во нашиот овластен сервис. После направената нарачка тимот на gumigumi.mk ќе ве контактира и ќе ве упати за монтажа.

Работно време за монтажа и балансирање:

Понеделник – Петок: 08:00 до 16:00 ч.

Во текот на месеците Октомври до Февруари се работи и во Сабота 

08:00 до 14:00 ч.

Празници –  не се работи.