Како се прави нарачка

Како се прави нарачка

Почитувани, за да направите нарачка на производи – пневматици од нашата електронска продавница, следете ги следните инстркции.

За да направите нарачка најпрвин треба да се регистрирате на gumigumi.mk . Тоа се прави на наједноставен начин преку кликање на “НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИК” и понатаму со кликање над иконата на социјалната мрежа Фејзбук, се регистрирате како корисник на gumigumi.mk . Регистрација може да се направи и чекор по чекор преку вашата е-маил адреса но овој начин преку социјалната мрежа е поедноставен и нема потреба од памтење на лозинки. Потребно е само да сте активен корисник на социјалната мрежа.

Сакате да нарачате 4 нови летни гуми со димензија 205/55 R16

Најпрвин, од почетната страна gumigumi.mk изберете Продавница, на таа страница, доколку пристапувате од компјутер, од десната страна се наоѓа поле со наслов “НАЈДЕТЕ ГУМИ ТУКА”. Доколку пристапувате од паметен телефон, филтерот на производи се наоѓа во долниот дел од страната Продавница. Пополнете ги полињата со бараната димензија на пневматици како на сликата подолу:

gumi

                                                                                         gumi

Одкако ќе ја пребарате посакуваната димензија се добиваат пневматиците кои одговараат на вашите пребарувања. Се клика на производот и се отвора страната на одбраниот производ.

За купување на комплет од 4 гуми, одберете 4.

За купување на само 2 гуми, одберете 2.

Кликате “ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА”

Понатаму се отвара Вашата кошничка и проверувате дали сте ги избрале бараните пневматици, доколку е се во ред, се клика “ПРОДОЛЖЕТЕ ПОНАТАМУ”.

На наредната страна се внесуваат детали за Вашата нарачка: адреса, телефонски број, град и забелешка.

Понатаму се клика “НАПРАВЕТЕ НАРАЧКА” и со тоа нарачката е веќе испратена.

Со купување на пневматици, Вие добивате:

Монтажа и балансирање – Скопје – ГРАТИС.

Бесплатна достава – сите градови – ГРАТИС.

Плаќање

Вкупната сума за Вашата нарачка се плаќа во готово после направена монтажа (за гуми) или при добивање на производите од карго службата.