Параметри на гумите

Параметри на гумите

Параметри на гумите

Ширината на гумата е растојанието помеѓу двете страни на напумпана гума во најширокиот дел. Мерењето е во милиметри.

Висината е еднаква на растојанието помеѓу внатрешниот раб на гумата и највисокиот дел од гумата, во отсуство на притисок врз гумата. Висината на гумата не се изразува во милиметри, туку во проценти, односно колку проценти од ширината на гумата е висината на самата гума.

Внатрешниот дијаметар е еднаков на дијаметарот на внатрешниот раб на гумата. Измерено во инчи.

205/55R16

Ширина – 205мм;

Висина – 55% од ширината – (205*55)/100 = 112,75мм;

Дијаметар – 16инчи.

Брзински и тежински индекс

Покрај димензијата, секоја гума се карактеризира со свој брзински и тежински индекс. Повеќе за ова ќе прочитате на линковите подолу, а сега преку пример ќе илустрираме што претставува брзински, а што тежински индекс:

205/55R16 91H

Тежински индекс – 91 – максимален товар кој може дадената гума да го носи при брзини до 210 км/ч – 615кг

Брзински индекс – H – максмална брзина со која возилото може да се движи, а истовремено гумата да носи максимален товар според индексот за тежина – 210км/ч

 

Брзински индекс

Тежински индекс

 

Leave a Reply